Џејми Оливер отвора ресторан во Белград
Британскиот славен готвач Џејми Оливер наскоро ќе отвори ресторан во српската престолнина, Белград
Британскиот славен готвач Џејми Оливер наскоро ќе отвори ресторан во српската престолнина, Белград. Информациите објавени на официјалната веб-страница на ресторанот Jamie’s Italian Belgrade покажуваат дека тој ќе биде сместен во квартот Belgrade Waterfront.
“Многу сум горд на Jamie’s Italian. Нашата неверојатна екипа е како голема фамилија – тие ќе се грижат додека уживате во едноставна вкусна храна, создадена со одлични изворни производи. Одлична храна, одлична вредност, прекрасна околина”, напиша Џејми Оливер на официјалната веб-страница на ресторанот.
Во 2017 година, Џејми Оливер ги затвори шестте од своите ресторани Jamie’s Italian во Велика Британија поради зголемени цени на состојките потребни за италијанските јадења по Brexit. Исто така, како причини за оваа одлука беа наведени високите трошкови за обука на вработените и падот во бројот на клиенти. Сепак, рестораните Jamie’s Italian надвор од Велика Британија продолжија да работат. После Ирска, Бразил, Португалија, Унгарија, Кипар, Индија, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Jamie’s Italian наскоро ќе дојде и во Србија.