16 години од смртта на Тоше Проески

Tоше Проески беше една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена и амбасадор на УНИЦЕФ

16 години од смртта на Тоше Проески

Тоше Проески, е македонскиот пејач кој загина во сообраќајна несреќа пред 16 години.Тој загина на 16-ти октомври 2007 година околу 06:20 часот во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Република Хрватска. Тоше Проески беше една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена и амбасадор на УНИЦЕФ. Неговата музика и хуманитарни дела го восхитуваат срцата на луѓето од земјава, Балканот и од Европа. Неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево е подигнато спомен-обележјето во негова чест и спомен.