93 години, здрав жив и сеуште работи- Клинт Иствуд
Американскиот актер, режисер и продуцент е познат по своите улоги во класични вестерни и акциски филмови
Клинт Иствуд сè уште работи на 93 години. Американскиот актер, режисер и продуцент е познат по своите улоги во класични вестерни и акциски филмови, како и по наградите што ги добил од Американската академија за филм . Неговиот последен филм, “Машки солзи” (Cry Macho) 2021 година, е драма за поранешен шампион во родео, кој треба да го преведе едно младо мексиканско момче преку границата. Филмот е базиран на истоимениот роман од 1975 година на Н. Ричард Неш. Иствуд го режирал и играл главната улога во филмот, кој бил снимен во 2020 година во Њу Мексико и Мексико . Ова е 45-тиот филм што Иствуд го режирал, и 72-тиот во кој учествувал.