Малолетник се обидел да прегази полицаец

Не застанал на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат

Малолетник се обидел да прегази полицаец

На 20.10.2023 во 13.00 часот во с.Желино, тетовско од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода малолетник од с.Копачиндол, тетовско и малолетничка од с.Добарце, тетовско, поради тоа што околу 12.00 часот во Тетово со патничко возило „бмв“ без регистарски ознаки, кое го управувало малолетникот, не застанале на даден знак за запирање од полициски службеник и се обиделе да го прегазат. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.