Денес Протест против убиството на онкологија 09.10.2023

Facebook страницата Протест против убиството на онкологија повикува на протест

Денес Протест против убиството на онкологија 09.10.2023
Facebook страницата Протест против убиството на онкологија повикува
Почитувани,
Ве повикуваме на НАТПАРТИСКИ, НАТЕТНИЧКИ ПРОТЕСТ на 09.10.2023, понеделник, во 18 ч. пред Владата на Македонија. Овој протест е, пред се, за нехуманиот третман на пациентите на Клиниката за онкологија, сознанијата за корупција од истата клиника, но и за целиот нехуман однос и целата корупција во Здравството и државата генерално. Ова е протест за неажурноста на институциите. Ова е борба против криминогените умови! Достоинствено, храбро, детерминирано, полни со верба и сигурност да им кажеме на таквите умови дека не се добредојдени во ова општество! Македонија помина многу низ годините и ние, граѓаните на оваа земја, нема повеќе да дозволиме третман каков што дозволувавме до сега! Ова не е борба за подобра економија или подобар квалитет на живот, ова е борба за ЖИВОТ!