Забавен минивaн од Toyota. Изгледа како играчка за деца
Малиот минивaн наречен Kayoibako повеќе изгледа како гаџет отколку автомобил, но има многу предности.
Toyota на 26 октомври на Japan Mobility Show ќе го претстави, концептуалниот модел Kayoibako, кој е прототип на компактен миниван со електричен погон, што ја одразува визијата за идната транспортација.
Малиот минивен наречен Kayoibako повеќе изгледа како гаџет отколку автомобил, но има многу предности. Ваквиот автомобил првично треба да превезува луѓе како автобус, а не да биде семејно возило. Но може да биде и семејно возило. Примарно, од него ќе имаат корист carsharing, ridesharing и транспортните компании. Тој може да биде вклучен, помеѓу другото, во интелигентни системи за дистрибуција на товари на кратки растојанија.
При дизајнирањето на интериерот, важна била неговата флексибилност, како и сместувањето за инвалидите. Kayoibako е долг 399 cm, широк 178 cm и висок 185cm, а меѓуоското растојание е 280 cm. Eнтериерот е вистински многу впечатлив.
Можеби изгледа смешно, но тоа покажува како ќе изгледа електромобилноста за можеби неколку години. Малиот минивен наречен Kayoibako повеќе изгледа како гаџет отколку автомобил, но има многу предности.