Passkeys најава без лозинка

Passkeys" креираат криптографски клучен пар со доверливи уреди (како смартфон) и пин-код или биометриски методи за автентикација, како препознавање на отпечаток на прст или лице

Passkeys  најава без лозинка

Технолошките гиганти продолжуваат да се движат кон најави без користење на лозинки со помош на "Passkeys". "Passkeys" креираат криптографски клучен пар со доверливи уреди (како смартфон) и пин-код или биометриски методи за автентикација, како препознавање на отпечаток на прст или лице, кои потоа може да се користат за најава на веб-страници и услуги.

Идејата е да се зголеми сигурноста на профилите и да се направи најава посигурна од лозинките. Моментално Google презема дополнителни иницијативи за да не принуди да го напуштиме заостанатиот начин на најавување.

Целта е да се намали користењето на традиционалните лозинки и да се помогне на корисниците да ги заштитат своите профили подобро. Како што сите знаеме, лозинките може да бидат изложени, зошто  често истата лозинка ја користиме на повеќе места. 

Google нема да ги отстрани лозинките како опција за најавување.