(Видео) Хеликоптерот на МВР исфрли над десет тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод
Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Белица, општина Македонски Брод
Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Белица, општина Македонски Брод, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над десет тони вода.