Славчо Поповски со СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Славчо Поповски со СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Вечерва, во текот на ноќта и утре во текот на целиот ден на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен. Најпогодени ќе бидат западните и централните предели од Македонија, како и делови од Скопскиот регион. Локално во овие делови ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог. Апелираме на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.



Содржината е преземена од официјалниот facebook профил на Славчо Поповски