Србите сакаат во Еу
Според анкета спроведена од Институтот за европски работи Србите би поддржале пристапување во ЕУ на референдум
Според најновата анкета спроведена од Институтот за европски работи, ако сега би се повикал референдум за членството на Србија во Европската Унија (ЕУ), 44 проценти од граѓаните на Србија би гласале за приклучувањето на ЕУ.
Резултатите од анкетата покажуваале дека 30 проценти од возрасните граѓани би гласале против членството во ЕУ, додека 10 проценти би се воздржале, што е помал процент во споредба со претходната анкета, но сепак е поголем во споредба со 2020 година. Од друга страна, процентот на оние кои се неодлучни е највисок во споредба со сите претходни (15 проценти).
Скоро половина од испитаниците (48 проценти), значително повеќе мажи отколку жени, веруваат дека Србија не треба да се откаже од членството во ЕУ, додека 33 проценти од испитаниците мислат обратно, и 19 проценти немаат мислење за ова.
На скала од 1 до 5, граѓаните ја оценуваат врската помеѓу Србија и ЕУ со просечна оценка 2.79, што е мал пад во споредба со март 2022 година, кога оценката беше 2.85. Три петини од испитаниците рекле дека Србија има корист од соработката со ЕУ, за разлика од 23 процентите испитаници кои не гледаат никаква корист од оваа соработка, со 17 проценти на оние кои немале одговор на ова прашање.
Анкетата била спроведена на репрезентативен извадок од 1.200 испитаници во Србија, користејќи ја методологијата CAWI.