Освен во Европа, снегот и студот доаѓаат и на Балканот од следната недела! Славчо Попоски

Освен ова, од средината на следната седмица ќе пристигне и првиот поинтензивен снег  и снежна покривка, особено на планините.

Освен во Европа, снегот и студот доаѓаат и на Балканот од следната недела! Славчо Попоски

Поголем дел од Европскиот Континент од недела ќе биде погоден од многу студен воздух кој се спушта од Арктикот и истиот ќе услови дури и снежни врнежи. Снег дури се очекува понекаде и на пониските места.

Од ова прво спуштање на поларниот вртлог ќе бидат зафатени и земјите од Балканот, особено Словенија, Хрватска  и Босна и Херцеговина каде не се исклучува појавата и на првите мразени и на слана веќе од недела па натаму.

Освен ова, од средината на следната седмица ќе пристигне и првиот поинтензивен снег  и снежна покривка, особено на планините. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на надморска височина од околу, па дури и под 1000 метри.

Локално на планините ќе наврне многу снег (над 50 цм).

Овој студен бран малку ќе се почувствува во Македонија, и тоа во текот на ноќта недела кон понеделник и ќе биде проследен со северен ветер, како и со локален дожд.

Се на се летото во срцето на есента ќе биде заменето со вистинска зима ширум стариот континент и на Балканот, но не и во Македонија.

Не се исклучува можноста првите снегулки на планините на Балканот да започнат веќе од недела.