Германија тестираше ново оружје

Во 2020 година, Германија започна да работи на оружје со ласер. Системот беше инсталиран во средниот дел на фрегата бродот “Саксонија”. По три години, тестовите се завршени, што дава многу ветувачки резултати

Германија тестираше ново оружје

Германија го тестираше новото оружје. Резултатите се ветувачки. Во 2020 година, Германија започна да работи на оружје со ласер. Системот беше инсталиран во средниот дел на фрегата бродот “Саксонија”. По три години, тестовите се завршени, што дава многу ветувачки резултати.

Пред пет години во Германија изби скандал кога Министерството за одбрана ја претстави состојбата на гермнанската воена сила Бундесвер во официјален извештај. Испадна дека само една од шестте подводници е во борбена подготвеност. Ситуацијата беше слична со воздушната авиација и со инвестициите во нови системи за оружје.

Во септември 2020 година, Германското министерство за одбрана потпиша договор со Rheinmetall Waffe Munition и MBDA за изградба на демонстратор за ласерска технологија. Беше планирано дека системот ќе биде тестиран една година на борд на ракетната фрегата FGS “Саксонија” под реалистични оперативни услови.