'Телемаркетери' на HBO е троделна документарна серија која ги води гледачите на патување во сиватa зона на фондовите на кол (call) центрите. Режирана од Сам Липман-Штерн и Адам Бала Лоу, серијата е фасцинантен портрет на индустријата.
Телемаркетер е личност или компанија која продава производ или услуга по телефон. Овој процес обично се извршува преку телефонски повици до потенцијални клиенти. Маркетингот на стоки или услуги преку овие телефонски повици се нарекува телемаркетинг.
Серијата ги следи Липман-Штерн и неговиот пријател и колега Патрик Џ. Песпас, кои работеле години во компанијата базирана во Њу Џерси наречена Civil Development Group (CDG). CDG беше најголемиот телемаркетинг тим кој собираше пари во име на државни полициски организации како New Jersey Fraternal Order of Police и слични добротворни организации. Компанијата отворено регрутираше и вработуваше многу луѓе кои не можеле да најдат работа на друго место, како на пример деца,наркомани, криминалци и секаков друг олош.
Серијата длабоко го истражува светот на телемаркетингот и нејзините криминални дејстија.
'Телемаркетери' не е само експозе, туку и посветено истражување на ликовите и топло сведоштво за пријателството. Тоа е приказна за двајцата неочекувани пријатели кои, откако години правеле грешки, одлучиле да се обидат да постапат правилно - бидејќи ако не го направат тоа тие, тогаш никој нема да го направи.
Иако насловот и звучи обично, 'Телемаркетери' е еден од највозбудливите документарни филмови во последните години. Често е смешен, неочекуван, спонтан и уникатен. Нема да ја помести целата индустрија, но неговата приказна и напор да се создади нешто го прават вреден за гледање и почит.
Сè уште нема инфо за втора сезона на HBO серијата 'Телемаркетери'.