Нема небезбеден јогурт во продавниците

Бабовски: Небезбедниот јогурт е вратен од каде што дошол во Србија

Нема небезбеден јогурт  во продавниците

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, ги отфрли тврдењата  од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека од Србија во земјава бил увезен канцероген пробиотски јогурт. Двете пратки од овој јогурт, уверува Бабовски, се веќе вратени во Србија. 

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак обвини дека Агенцијата за храна и ветеринарство дозволила увоз и пуштила во промет штетни млечни производи и бара одговорност. Првиот човек на АХВ ги оцени обвинувањата како собирање ситни политички поени.