5 години Македонска победа над западниот свет

Македонија останува земја, каде над 70% Македонци сеуште одбиваат да го прифатат наметнатото  име.

5 години Македонска победа над западниот свет

Пред пет години, на 30 септември 2018 година, некои од Република Македонија излегоа и гласаа на референдум за одлучување дали да го променат името на Република Македонија, како дел од договорот со Грција за завршување на деценискиот долг спор, и за наводното отворање пат, кон членство во ЕУ и НАТО. Сепак, референдумот не успеа да ја достигне потребната излезност од 50%, оставајќи ја судбината на промената на името во рацете на парламентот.

Промената на името беше поддржана и од најголемиот дел на западните земји, вклучително САД и Германија и останатите членки на ЕУ.

Пет години по неуспешниот референдум, Македонија останува земја, каде над 70% Македонци сеуште одбиваат да го прифатат наметнатото  име.

Промената на името исто така не ги реши проблемите меѓу Македонија и Грција, бидејќи некои спорови околу историјата, културата и јазикот продолжуваат.