Имаме победник во натпреварот во лежење

Како џентлмен, Филип и ја препушта медиумската победа на Лидија

Имаме победник во натпреварот во лежење

По 50 дена херојска борба за 1000 евра, натпреварот во лежење, кој традиционално се одржува во Црна Гора, конечно доби победник - Лидија Марковиќ од Никшиќ.

Заедно со Филип од Мојковац, Лидија издржа до крајот, кога решија да ја поделат победата. Меѓутоа, како вистински џентлмен, Филип медиумската слава и ja остави на убавата Никшичанка, се наведува меѓу другото во објавата на страницата на Инстаграм на „Етно село Црна Гора“, кој е и организатор на овоj необичен натпревар, кој годинава траеше дури 50 дена благодарение на наградата од 1.000 евра.
И двајцата решија заедно да застанат на тронот и заедно со порака до сите југословенски народи и политичари порачаа дека љубовта и слогата решаваат се. Како џентлмен, Филип и ја препушта медиумската победа на Лидија – напишаа во описот на фотографиите на победникот.
Овогодинешниот победник има 23 години и по професија е козметичар. Како што истакна во едно од интервјуата за време на натпреварот, предавањето никогаш не било опција за неа.

- Воопшто не е тешко. Уште не сум одморилa и не планирам да станам. Ништо не е тешко. Дојдов овде да се одморам и навистина да уживам. Синоќа славевме илјада часа по полноќ. Не се чувствувам како да сум лежела многу. Немам конкуренција – рече таа

За време на натпреварот родителите и понудиле 1.000 евра, колку што била и самата награда, само да се откаже и да си дојде дома, но таа не сакала да ги земе парите. Како што рече, со години се подготвувала за победата.

Инаку, рекордот до оваа година го држеше Дубравка Алексиќ од Подгорица, која лежеше 117 часа.