Project Silica: Mал стаклен диск кој ќе собира 1,75 милион песни и тpae 10,000 години
Денес, Microsoft виде потенцијал за мал стаклен диск да складира неколку терабајти податоци: околу 1,75 милион песни (приближно 13 години музика)
Microsoft Research, истражувачката гранка на софтверскиот гигант од Redmond, тестира складирање на огромни количини податоци на стаклени плочи во футуристичка иницијатива наречена „Project Silica“. Ако е успешна, тоа може да се користи за складирање на информации за илјадници години без деградација. Истражувачите на Microsoft ги складираат податоците во стаклото користејќи тродимензионални пиксели наречени воксели.
За разлика од класичните методи за складирање како што се магнетните вртечки дискови, „стаклените плочи величина на чинија од Project Silica ќе ги складират податоците за илјадници години и ќе создадат одржливо складирање за светот“, како што го опишува Microsoft.
Според Microsoft, складирањето на податоци на стакло е концепт кој датира од 19-тиот век. Тогаш, луѓето ги складирале поединечните фотографски негативи на стаклени плочи. Денес, Microsoft виде потенцијал за мал стаклен диск да складира неколку терабајти податоци: околу 1,75 милион песни (приближно 13 години музика) треба да се вместат на мал стаклен диск.
Целта на проектот Silica е да се запише податок во стакло и да се складира на полица додека не е потребен. Откако ќе биде запишан, податокот внатре во стаклото не може да се промени. Microsoft го опишува процесот како : „Податоците се складирани во стакло преку четиростепен процес: пишување со ултрабрз фемтосекунден ласер, читање преку компјутерски контролиран микроскоп, декодирање и конечно, складирање во библиотека.
Microsoft продолжува: „Иницијално, процесот на запишување со ласер беше неефикасен, но по години на усовршување, тимот сега може да складирa неколку TB (терабајти) вo една стаклена плочa коjа можe да тpae 10,000 години. Сeкoja плoчa можe да cкладирa oкoлу 3,500 филмови. Или доволно филмови да се репродуцираат во повеќе од половина година без повторување.“
Складирањето на стакло сè уште е во своите почетни фази, според Microsoft, и експертите веруваат дека ќе требаат уште 3 до 4 фази на развој пред да може да се користи комерцијално. Но предностите се очигледни: тоа е трајно, одржливо и економски исплатливо.