Лицата на израелските заробеници на големи билборди низ Лондон
Досега, билбордите, финансирани од Кампањата против антисемитизмот (CAA), се на 25 видливи локации низ главниот град.
Лицата на некои од израелските заробеници кои беа кинадпирани од Хамас минатиот викенд се поставени на големи билборди низ Лондон.
Досега, билбордите, финансирани од Кампањата против антисемитизмот (CAA), се на 25 видливи локации низ главниот град. Локациите се Islington, Battersea, Brixton, Chelsea, Notting Hill, Peckham, Swiss Cottage and Waterloo. Планот на CAA е да ја прошири кампањата во други големи градови во Велика Британија ако се соберат доволно средства.
Моментално, билбордите го прикажуваат лицето на една од заробениците, Ела, осумгодишна, но намерата е да вклучат повеќе. CAA рече: „Се приклучивме кон напорот на Евреите од целиот свет да ги покажат лицата на оние кои беа киднапирани од Хамас во најлошата антисемитска војна послем Холокаустот.
„Акциите на Хамас скоро и не се разликуваат од оние на ИСИС. Додека BBC не се осудува да го нарече ова терор, знаеме дека британската јавност има силно чувство за правилно и погрешно. Затоа ги ставивме лицата на оние што беа заробени кадешто никој не можеше да не ги види. Пристојните луѓе во Британија ќе ги видат невините заробеници од Хамас и ќе ja споделат нашата итна желба да ги вратиме.“