Тајната на египетските пирамиди: Како биле изградени?

Пирамидите се градени од големи камени блокови, тешки околу 2 тона. Се смета дека пирамидата на Kеопс е изградена за 20 години

Тајната на египетските пирамиди: Како биле изградени?

Египетските пирамиди се антички пирамидално обликувани ѕидни конструкции кои се наоѓаат во Египет. До 2008 година, откриени се 138 пирамиди. Повеќето биле изградени како гробници за фараоните на земјата и нивните сопруги за време на периодите на Старото и Средното Кралство.

Најстара меѓу нив е пирамидата на Џосер (изградена 2630 п.н.е.-2611 г. п.н.е.) која била изградена во текот на третата династија. Оваа пирамида и нејзиното целокупно опкружување биле дизајнирани од архитектот Имхотеп и генерално се сметаат за најстарите монументални градби во светот конструирани од обликуван камен и малтер.

Пирамидите се градени од големи камени блокови, тешки околу 2 тона. Се смета дека пирамидата на Kеопс е изградена за 20 години и нејзината изградба е завршена во 2560 година п.н.е.

Неколку од пирамидите во Гиза се вбројуваат меѓу најголемите градби што некогаш биле изградени. Најпознатите египетски пирамиди се оние кои се наоѓаат во Гиза, во предградието на Каиро.

Иако овие структури го привлекуваат интересот на историчарите, архитектите и туристите, уште не е откриено целосно како биле изградени овие архитектонски чуда. Нивната издржливост и прецизност уште предизвикуваат восхитување и денес.