Како да ги препознаете психопатите? Само проверете го движењето на главата

Студијата покажала дека луѓето со повеќе психопатски карактеристики прават помалку движења со главата. Нивната глава е постабилна

Како да ги препознаете психопатите? Само проверете го движењето на главата

Еден тим на психолози од Универзитетот во Ново Мексико користеше вештачка интелигенција за да ги идентификуваат психопатите. Експериментот беше спроведен врз затвореници, но неговите резултати можат да бидат корисни за проучување на различни групи. Посебно затоа што експертите забележале дека движењата на главата на психопатите ги одаваат.

Психопатите можат да бидат издадени од движењата на главата Во текот на експериментите што беа опишани во „Журналот за истражување на личноста“, експертите, користејќи специјална програма за машинско учење, ги следеле однесувањата на 507 затвореници (возрасни мажи) за време на интервјуата со нив. Тие забележале дека затворениците кои имаат повеќе карактеристики поврзани со психопатските личности ја задржуваат својата глава мирна.

Секое интервју траело од еден до четири часа, а алгоритамот за следење на движењето на главата обработил најмалку 36.000 кадри од снимките за секој од затворениците. Тој се фокусирал на шест референтни точки на лицето. За да откријат психопатски склоности, научниците исто така користеле „Листа за проверка на психопатијата" од Хар.

Студијата покажала дека луѓето со повеќе психопатски карактеристики прават помалку движења со главата. Нивната глава е постабилна. Освен тоа, таквото лице ја насочува својата глава директно кон камерата или лицето што го спроведува интервјуто. Научниците не се целосно сигурни зошто се случува ова. Но, тие имаат неколку теории за оваа работа. Една од нив се однесува на начинот на кој амигдалата, или делот од мозокот вклучен во процесирањето на емоциите, функционира кај психопатите.

Научниците исто така забележале дека дисфункцијата на амигдалата е карактеристична невробиолошка карактеристика на психопатијата, која влијае врз процесирањето на емоциите, процесот на учење или личните интеракции.

Експертите нагласуваат дека нивниот алат има извесни ограничувања. Прво, софтверот не бил тестиран на жени, а исто така ни на тинејџери. Истражувањето беше спроведено само врз возрасни мажи. Дополнително, алгоритамот не ги следи движењата на очите, што исто така е важно. Затоа, научниците планираат да продолжат со истражувањето и да го прошират алгоритамот со дополнителни способности, вклучувајќи го набљудувањето на невербалните, подсвестните однесувања како движењата на рацете или начинот на кој лицето зборува. Ова ќе овозможи уште по прецизна идентификација на психопатите.